Категорија Блог

Црква „Св. Никола“ село Манастир, Мариово

Црква „Св. Никола“ село Манастир, Мариово

Црквата „Св. Никола“ во село Манастир, Мариово, е еден од најзначајните споменици на средновековната архитектура и византиската уметност во Македонија. Како централен историски и духовен објект на Мариовскиот манастир, таа се наоѓа на самиот крај од селото, опкружена со автентичниот…

Добро Поле и почетокот на крајот на Првата светска војна

dobro-pole

Добро Поле е месност на границата меѓу Македонија и Грција, скриена во тешко пристапните предели на Мариово. Пред повеќе од еден век, на ова место се одиграла битката која ќе доведе до побрзо завршување на Големата војна, која подоцна ќе…

Св. Ахил и гробот на цар Самоил – патување низ историјата на средновековна Преспа

Панорама Св. Ахил

Во срцето на живописното Преспанско Езеро од страната на Грција, во мирните води на Мала Преспа, се издигнува островот Св. Ахил – место со исклучителна природна убавина и богато историско наследство. Островот е познат по величествената Базилика „Св. Ахил“, еден…

Воденските водопади – природна атракција што вреди да се посети

Воденските водопади – природна атракција што вреди да се посети

Воден, познат во Грција како Έδεσσα (Едеса), е живописен град во северна Грција, сместен северозападно од Солун. Градот има околу 17.000 жители и е административен центар на општината Воден. До 1923 година градот се сретнува и под името Водена (Βοδενά).…

Кале Тепе (Голема Круна) и „Ѓаволско око“, Дојран | Бојно поле од Првата светска војна

Кале Тепе (Голема Круна) и „Ѓаволско око“, Дојран | Бојно поле од Првата светска војна

Издигнувајќи се над западната страна на Дојранското Езеро, Голема Круна (Grand Couronné, Кале Тепе) е една од највпечатливите историски позиции од Првата светска војна во Дојранскиот крај. Британските војници позицијата ја нарекувале и „Ѓаволско око“ поради нејзиниот доминантен поглед кон…

10 најстари цркви во Македонија | фрески, камен и вековна историја

Македонија е богата со средновековни цркви и манастири, од кои многу и денес сведочат за времето во кое биле изградени. Во нив се зачувани вредни фрески, стара архитектура и бројни детали кои ни овозможуваат да ѕирнеме во далечното минато. Од…

Дојрански воени гробишта и Меморијал – Фото галерија

Дојрански воени гробишта и Меморијал – Фото галерија

На брегот на Дојранското Езеро, во Грција, во близина на границата со Македонија, се наоѓа значајно место на сеќавање поврзано со Првата светска војна и Македонскиот фронт. Британските воени гробишта и Меморијалниот комплекс во непосредна близина, се наоѓаат меѓу ридовите…

Калишта | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“

Калишта | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“

Сместен јужно од селото Калишта веднаш покрај брегот на Охридското Езеро, Калишкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ е едно од највпечатливите духовни и културно-историски места во Македонија.Манастирот се наоѓа во прекрасен природен амбиент меѓу езерото и карпите. Неговата најголема особеност…

Црква „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново – средновековно ремек-дело со фрески од XII век

Св.Архангел Гаврил на фреска во црквата Св. Ѓорѓи Курбиново

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Курбиново е едно од најзначајните средновековни културно-историски богатства во Македонија. Сместена во живописниот предел над Преспанското Езеро, црквата е позната по своите извонредни византиски фрески и претставува задолжителна дестинација за љубителите на историјата, уметноста и…

Полошки манастир „Св. Ѓорѓи“ – скриено светилиште на Тиквешко Езеро

Poloshki manastir

Полошкиот манастир св. Ѓорѓи е сместен на падините на планината Вишешница, веднаш до вештачкото езеро Тиквеш, на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Манастирот го добил името по близината до селото Полог, кое со создавањето Тиквешко езеро (1964 – 1968)…

Скочивир – село каде Црна Река ја започнува својата голема авантура

Скочивир - село во Општина Новаци

Село Скочивир е постара словенска населба која за првпат се споменува во пописните турски дефтери од 1468 г. Селото е сместено на 600 м надморска висина и во негова близина Црна Река влегува во клисурата, односно прекинува нејзиниот „мирен тек“. Од тука се претпоставува дека потекнува и името на селото, односно од зборовите: скокни вир или скочи вир.

Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина

Будимирци, Мариово - панорама

Будимирци се наоѓа од десната страна на Црна Река на надморска височина од 800 метри, 53 км оддалечено од Битола. Атарот на ова село се издига високо до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел допира до државната…

Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа

Staravina, Mariovo

Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола. Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера…

Пешна – пештера како од приказните која мора да ја посетите

Peshna peshtera - Makedonski brod

Според легендата, Марко Крале и изградил куќа на својата сестра Пешна на влезот од пештерата, па така таа и денес го носи нејзиното име. На влезниот дел дури и може да се видат остатоци од стара градба и воденица. Пешна…

Струмичко Кале – Цареви Кули – тврдина од XI век над градот Струмица

Strumica Fortress - Carevi Kuli (Czar's Towers) - XI century fortress above the city of Strumica

Најстарите траги од животот во Струмица датираат од околу 3500 п.н.е., и може да се претпостави дека Царевите кули со својата позиција овозможувале добра одбрана на населбата. Дебелите бедеми на тврдината се сведок за немирните времиња во средениот век во…

Колешински водопад – Општина Ново Село

Koleshino Waterfall – Novo Selo Municipality

Колешинскиот водопад е сместен надморска височина од 500 метри на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба. Водопадот е висок 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот, Колешинскиот водопад е тектонски…

Смоларски водопад – Општина Ново Село

Smolare waterfall near Smolari village, Municipality of Novo Selo

Смоларскиот водопад е сместен на северната страна на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на 600 метри надморска висина. Смоларскиот е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. Сместен е во близина на селото…

Водоча Манастир – Свети Леонтиј

Свети Леонтиј - Манастир Водоча

Манастирот Водоча, познат и како Водочки цркви, посветен на Свети Леонтиј, се наоѓа во селото Водоча, на околу 5 километри западно од Струмица. Овој значаен сакрален и археолошки комплекс претставува едно од највредните сведоштва за развојот на христијанската архитектура, уметност…

Манастир Вељуса – Св. Богородица Елеуса (Милостива)

Veljusa Monastery, Strumica, Macedonia

Манастирот Вељуса – Пресвета Богородица Милостива е активен женски манастир, сместен во живописниот предел над селото Вељуса, на 8 километри западно од Струмица. Со својата богата историја, извонредната архитектура и вредните средновековни фрески, манастирот претставува едно од најзначајните духовни и…

Коњарка – Излетничко место во близина на село Скочивир – фото галерија

Konjarka – picnic location near village Skocivir – Novaci Municipality

Коњарка е излетничко место во близина на село Скочивир на 38 км од Битола. Сместено покрај чистата Коњарска Река, чие што извориште се наоѓа под Кајмакчалан, до границата со соседна Грција на надморска височина од 2.260 м.

Широк Сокак Битола – 360* Виртуелна прошетка

Shirok Sokak Bitola – 360* Virtual Tour

Широк Сокак е најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола. Денес е строго пешачка улица на која се наоѓаат голем број на продавници, ресторани, институции од културата, кафулиња, клубови и др. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби…

Манастир Рајчица – Св. Ѓорги Победоносец – 360* панорами

Rajchica Monastery near Debar - 360* Panoramas

Манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец е сместен во село Рајчица, на околу 2км од градот Дебар, веднаш под патот кој води за Маврово. Овој женски манастир е дел од Бигорски Манастир. Манастирката црква и конаците се изградени во 1835 година. Член…

Рајска долина – рибник и ресторан во близина на село Куратица – 360* панорами

Rajska dolina Kuratica

Рајска долина е рибник и ресторан во близина на село Куратица, сместен во раскошна природа покрај патот Прентов мост - Куратица. Она што особено пленува е автентичниот амбиент надополнет со малите езерца во кои се одгледува пастрмка и крап.

Прилепско Мариово – џип екскурзија одржана на 26.11.2017 – фото галерија

Mariovo_Macedonia

Последниот сончев ден од месец ноември беше мотив плус за членовите на OFF ROAD Macedonia да го посетат Мариово. Митко Крстевски, Парговски Јове и Бобо Груевски рано утрината се упатија на ова патување и после село Маково се исклучија од…