Црвени Стени е една од попознатите локации за планинарење на националниот парк Пелистер.
Почнувајќи од Хотел Молика или од село Магарево, до оваа локација водат неколку обележани планинарски патеки. Оваа локација е интересна и за посетителите кои ги интересира Првата светска војна, односно една од најкрвавите битки се случила токму на ова место, за што сведочат големиот број на окопи и остатоци.
Откријте ја оваа локација преку 360 панорама направена од член на нашиот тим. За најдобро искуство користете VR headset!
Повеќе: Планинарски патеки во Пелагонискиот регион …