Село Груниште
Село Груниште се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола, во Општина Новаци.
До селото се стигнува по регионалниот пат R1311, кој ја поврзува Битола со мариовските села во Општина Новаци. Од главниот пат, кон десно помеѓу споредните патишта кои водат кон селата Зовиќ и Будимирци, се одвојува тесен земјен пат во должина од 4 км, кој не се препорачува за лесни коли.
Иако во село Груниште денес живеат 2-3 фамилии кои се занимаваат со сточарство, може да се каже дека тоа е заборавено од државата. Имено патот кој води до селото е во лоша состојба, а воедно ова е едно од ретките села кои не се поврзани на водоводна и електрична мрежа.