gruniste mariovo

Груниште, Мариово – фото галерија

Село Груниште

Село Груниште се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола, во Општина Новаци.

Знак за село Груниште, Мариово
Во близина на село Груниште, Мариово
Во близина на село Груниште, Мариово
Во атарот на село Груниште, Мариово

Во атарот на село Груниште, Мариово

Во атарот на село Груниште, Мариово
Во атарот на село Груниште, Мариово - зголемено - Спомен капела на Кајмакчалан
Во атарот на село Груниште, Мариово

До селото се стигнува по регионалниот пат R1311, кој ја поврзува Битола со мариовските села во Општина Новаци. Од главниот пат, кон десно помеѓу споредните патишта кои водат кон селата Зовиќ и Будимирци, се одвојува тесен земјен пат во должина од 4 км, кој не се препорачува за лесни коли.

Поглед кон село Груниште, Мариово

Село Груниште - Мариово

Село Груниште - Мариово

Село Груниште - Мариово

Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово
Иако во село Груниште денес живеат 2-3 фамилии кои се занимаваат со сточарство, може да се каже дека тоа е заборавено од државата. Имено патот кој води до селото е во лоша состојба, а воедно ова е едно од ретките села кои не се поврзани на водоводна и електрична мрежа.
Село Груниште, Мариово
Село Груниште, Мариово
Село Груниште, Мариово
Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово
Село Груниште - Мариово

Цркви во село Груниште

Во село Груниште има две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.

Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното население се обидело да ја изгради, но истата била туркана
од турските власти.

St. Dimitrij church in Grunishte, #Mariovo
Св. Димитриј, Груниште, Мариово

Св. Димитриј, село Груниште, Мариово

Св. Димитриј, село Груниште, Мариово

Св. Димитриј, село Груниште, Мариово

Село Груниште - МариовоДо црквата има изградено камена камбанарија, а во рамките на црквата се и селските гробишта, каде се закопани српски војници и еден бугарски генерал кои загинале во близина на селото за време на Првата светска војна.

Св. Петка, Груниште, Мариово
Св. Петка, Груниште, Мариово

Црквата „Света Петка,, изградена е 1925 година од извесен Ристе Венин, кој на влезот на црквата поставил спомен плоча, која и денес се наоѓа на истото место.

Во црквата има извор со вода, за кој месното население верува дека е света – лековита вода.

Село Груниште за време на Првата светска војна

Во близина на селото се наоѓа месноста Грунишки Вис, која била важна стратешка точка на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. На неколку места во селото и околу црквата Св. Димитриј може да се видат гробови на војници кои загинале во близина на селото. Поголем дел од гробовите се од српската војска, а според кажувањето на локалното население имало и гробови на француски војници.

Во близина на Грунишки Вис има спомен плоча посветена на Војвода Вук, кој загинал при офанзивата на 29 ноември 1916. Војвода Вук прво бил погребан во српските гробишта „Зејтинлук,, во Солун, од каде во 1923 година е преместен во „Новите гробишта“ во Белград.

St. Dimitrij church in Grunishte, #Mariovo

Grave of a Serbian soldier who died near Grunishte village during WW1
Grave of a Serbian soldier who died near Grunishte village during WW1
Grave of a Serbian soldier who died near Grunishte village during WW1
Grave of a Serbian soldier who died near Grunishte village during WW1
Grave of a Serbian soldier who died near Grunishte village during WW1
St. Dimitrij church in Grunishte, #Mariovo

Не може а да не се забележи и гробот на бугарскиот генерал Климент Џеров, сместен во централниот дел на гробиштата. Полковникот Климент Џеров кој бил по потекло од Охрид, загинал на 3 декември 1916 година, за време на борбите за Грунишки Вис (Битката во свиокот на Црна Река). Посмртно бил унапреден во генерал-мајор.

Гроб на Климент Џеров - бугарски генерал кој загинал во близина на село Груниште за време на Првата светска војна
Kliment Dzerov- Bulgarian general who died near Grunishte village during WW1

Локација на село Груниште