Хотел Молика Битола – ЕЛЕМ ТУРС

Хотел Молика Ве поканува на незаборавен престој во срцето на Националниот парк Пелистер.

Сместен на 15 км од Битола, во раскошот на прекрасната борова шума, претставува идеален спој на традиционална гостопримливост, планински амбиент и активен одмор во природа.

10% попуст за сопствениците на OFF ROAD MACEDONIA картичка. за сместувачки услуги (Ноќевање со појадок, Полупансион, Полн пансион)

На локација од 1420 метри надморска висина, Хотел “Молика” претставува бисер на Пелистер и е едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.

Хотелот располага со интернационален ресторан, две конференциски сали, а во негов склоп работи и Ски центарот Копанки. Ги препорачуваме најатрактивните и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење, велосипедските патеки, џип турите до планинските езера Пелистерски очи, културно/историска посета на градот Битола како и разгледување на пелистерските цркви и манастири.

  • Адреса: Хотел Молика Битола, лок. Бегова Чешма, Национален парк Пелистер бб, ПФ 110, 7000 Битола, Македонија
  • Тел:389 (0) 47 229 406
  • ; +389 (0) 75 495 725; факс: 389 (0) 47 229 048
  • Email:hmolika@t.mk
  • Web:http://www.hotelmolika.com.mk

hiking on pelister 24

hotel molika 8

hotel molika 16

Close Menu