• Преглед
  • Преглед на патувањето
  • Патувањето вклучува
  • Не е вклучено
  • Резервирај

Планинарската патека до врвот Пирамида (Голем камен) Ви овозможува да уживате во прекрасните панорами од Преспа и Пелагонија.
Тргнувајќи од црквата Св. Богородица на регионалниот пат Битола – Ресен (1176 м.н.в), обележаната планинарска патека води до врвот Пирамида на 1656 м.н.в. (~ 2 часа пешачење)
Врвот – Голем Камен – Пирамида ги нуди едни од најубавите панорами кон регионите каде некогаш врвел античкиот пат Виа Егнација.
По уживањето во сценографијата која го осветлува вашиот ден и ги проширува вашите хоризонти, следната дестинација може да се прилагоди во зависност од вашите интереси, но и физички способности.
Една опција е посета на живописното село Гопеш и грандиозната црква Св. Преображение (~2km/ 30 min – планинарење по надолнина).
Втора опција е познатото револуционерно село Смилево, кое со својата живописна придода и богата историја дава одлична можност да научите нешто повеќе за историјата на Македонскиот народ (~ 8 km / ~2 ч 30 мин – планинарење по надолнина).

  • Времетраење: 2 часа до врвот Пирамида / + 30 мин до с. Гопеш / или 2 ч 30 мин со с. Смилево
  • Тежина на турата: лесна / средна
  • Надморски висини:
    –Св. Богородица 1176 м
    – Пирамида 1656 м
    – с. Гопеш 1110 м / с. Смилево 925 м
  • Време на одржување: по нарачка (препорачливо од април до ноември)
  • Професионален и пријателски расположен планинарски водич
  • Превоз од Битола до местото на старт и назад
  • патничко осигурување
  • храна
  • други лични трошоци