Колешинскиот водопад е сместен надморска височина од 500 метри на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба. Водопадот е висок 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот, Колешинскиот водопад е тектонски водопад, создаден во гранитни камења.
До водопадот води асфалтен пат кој минува низ село Колешино, општина Ново Село и уредена шумска патека низ живописната природа на планината Беласица.
Локација: Google Maps (отвори во нов прозорец)…

















Повеќе:
- Манастир Вељуса – Св. Богородица Елеуса (Милостива)
- Водоча Манастир – Свети Леонтиј
- Смоларски водопад – Општина Ново Село
- Струмичко Кале – Цареви Кули




