Кајмакчалан - 4x4 Off Road Доживување

Кајмакчалан е највисокиот врв на Ниџе планина (2.521 m)  и една од клучните позиции на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Во септември 2016 г. се навршуваат 100 години од Битката за Кајмакчалан. 

  • Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
  • Тежина на турата: Тешка
  • Локација: Кајмакчалан, Ниџе Планина
  • Време на одржување: По договор
  • Траење на турата: 9-10 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m - Кајмакчалан 2521 м
  • Максимален број на лица по џип: Возач + 3 лица (за поголеми групи може да се организираат повеќе џипови)
  • Цена: Пополнете ја контакт формата за повеќе информации

 Од врвот Кајмакчалан се гледаат Островското езеро и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.

kajmakcalan 01

За топонимот Кајмакчалан

Постои предание дека врвот Кајмакчалан името го добил според арамијата „Кајмак" (најдобриот) кој со другарите од својата чета се искачил на врвот, носејќи го собраното злато од извршените акции по селата и патиштата. Кајмак ископал дупка и го скрил златото. Кога го закопале златото, војводата го убил Кајмак и рекол дека вака ќе биде вечен чувар на закопаното богатство. (Кајмак+чалам = најдобар што краде). Постојат и други легенди и преданија за топонимот Кајмакчалан.

kajmakcalan 02

Битката за Кајмакчалан

Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарската и српската војска, кои една спроти друга биле стационирани на овој дел на фронтот.
И во двете војски имало голем број на присилно регрутирани Македонци.
Дека врвот Кајмакчалан бил важна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле „Борисов град“ (по престолонаследникот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле „Капија на слободата“.
Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година. Помеѓу 26 и 30 Септември борбите биле особено жестоки, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември.
Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.
Со заземањето на Кајмакчалан, на војските на Антантата им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што подоцна на 19 Ноември 1916 ќе ја заземат и Битола.

kajmakcalan 03

Спомен капела

Според некои извори, за време на Првата светска војна, веднаш по завршувањето на борбите, со оглед на големиот број на жртви од двете страни на самиот врв започнала изградба на некој вид на спомен обележје. Спомен капелата, заедно со костурницата во која се сместени коските на голем број непознати војници, камбанаријата и придружните објекти околу капелата биле завршени во 1928 година, по повод 10 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. По тој повод бил пуштен во употреба и патот за возила кој водел од Битола до Кајмакчалан.
Со оглед на суровите временски услови на кои се изложени објектите, дел од нив неколку пати се реновирани.

kajmakcalan 04

Урна во која било сместено срцето на Рудолф Арчибалд Рајс  

Програма на турата:

07.00 – Поаѓање од Битола
07.40 – Кратка пауза во месноста Коњарка во близина на село Скочивир
08.00 ~ 12.00 – Туристичко 4х4 возење по живописните предели на Мариово до Кајмакчалан со кратки попатни паузи.

12.00 ~ 13.30 - Пристигнување на Кајмакчалан, посета на Спомен капелата, костурницата, разгледување на околината

13.30 ~ 17.00 – Туристичко 4x4 возење - Кајмакчалан Битола
~17.00 – крај на турата и пристигнување во Битола

Ве молиме пополнете ја контакт формата за повеќе информации:

Form by ChronoForms - ChronoEngine.com

Save

Language Switcher

Search

Не пропуштајте

No result...

4х4 Екскурзии низ Македонија

Откријте ги големиот број на живописни локации преку незаборавни 4х4 екскурзии низ Македонија Повеќе информации...
No result...
4X4 Off Road

Изнајмете 4х4 возило и истражувајте ја Македонија

4x4 Тури и Екскурзии

Меморијален Туризам

Откријте ги локациите од Првата светска војна во Македонија

Меморијален Туризам

Велосипедски тури во Македонија

Велосипедски тури во Македонија

Велосипедски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Уживајте во фото галериите од различните локации во Македонија

Истражи ја Македонија

Компании партнери на здружението OFF ROAD Macedonia

Партнери