Музеј на Вода – Залив на Коските
Музејот на вода или Залив на коските се наоѓа на 14 километри од Охрид, во близина на автокампот Градиште.
Подводните археолошки истражувања на локалитетот “Плоча Мичов Град”, биле започнати во 1997 година, а во 2007-2008 е извршена реконструкција на дел од населбата која според археолошките истражувања било констатирано дека се простирала на површина од околу 8500 м2. Била изградена на платформа поставена на дрвени колци забиени во дното на езерото, а со дрвен мост била поврзана со копното.
Наколните надводни живеалишта како начин на човечко егзистирање во специфична микросредина се особено карактеристични за праисторискиот период и тоа од времето на неолитот-младото камено доба, енеолитот-бакарното доба, бронзеното и железното време.
- Одалеченост од Охрид: 14 км
- Локација: с. Пештани, Градиште, 6000 Охрид
- Работно време: Зима: од 21 Септември до 30 Април од 09:00 о 16:00 часот, неработен ден: понеделник
Лето: од 1 Мај до 20 Септември од 09:00 до 19:00 часот, работи секој ден - Повеќе информации: НУ-ЗЗСКМ – ОХРИД
Во рамките на музејскиот комплекс на зарамнетото плато е презентирана и тврдина-римски кастел од III век н.е. кој овозможува да се разгледа и едно друго време од македонската историја и археологија.
Комплексот содржи пристапен објект со постојана изложба на откриените артефакти и кафе-бар, база за подводна археологија и развивање на подводен туризам, наколна населба со 24 реконструирани праисториски куќи на дрвена платформа над езерската вода, повеќе реконструирани полуотворени градби во рамките на кастелот (во вид на видиковци за одмор на посетителите) и други содржини кои го збогатуваат вкупниот амбиент на водите и брегот на Охридското Езеро.
Фото галерија