restaurant ostrovo sv naum 01

Ресторанот ОСТРОВО се наоѓа на јужно источната страна на Охридското Езеро, на еден од двата острови на изворите на реката Црн Дрим во близина на манастирот Свети Наум Охридски и е опкружен со најживописната природа во поширокиот регион.

Ресторанот Острово во текот на зимскиот период нуди капацитет за 90 лица, со можност за дополнителни 80 места на терасата, а во текот на пролета и летото целиот остров прераснува во ресторан-градина со повеќе од 500 места за посетителите.
Во нашиот ресторан може да уживате во вкусот на македонската традиционална храна од Охридскиот регион. Од нашето богато мени ви препорачуваме грав, полжави, пита со спанаќ, охридско ѓомлезе, сарма, повеќе видови на риба како: пастрмка, јагула, крап и морски плодови.

Контакт:

restaurant ostrovo sv naum 01

restaurant ostrovo sv naum 03