Small lake - Pelister - 360 * Virtual walk

Мало езеро – Пелистер – 360* Виртуелна прошетка

Мало езеро е постглацијално ледничко езеро кое се наоѓа на планината Баба во рамките на Националниот парк Пелистер. Сместено е во вдлабнатина на надморска висина од 2.190 м.

Најголемата длабочина на езерото при висок водостој изнесува 3,35 метри. Сместено на патот помеѓу Големо Езеро и врвот Пелистер езерото е честа попатна станица на планинарите кои во летниот период често може да се сретнат како се капат во истото.

Панорамите се направени во месец јуни 2017 од страна на член на OFF ROAD Macedonia тимот. Панорамите водат од близина на Мало езеро до макадамскиот пат од каде може да се види и Преспанско Езеро.

Уживајте во прекрасните панорами од Националниот парк Пелистер!