Back
Next

Легендата за срната

Според легендата, Роман Диоген ловејќи по околните шуми ранил срна, која побегнала во пештерата во која таа живеела со пустиникот и светител Прохор Пчињски. Старецот го замолил Диоген да не ја убива срната и кога тој го послушал, му прорекол дека кога ќе се врати во Цариград ќе стане византиски цар. Откако пророштвото се обвистинило, Диоген во знак на благодарност ја подигнал црквата Св. Ѓорѓи.

Пештера во која престојувал Прохор Пчињски
Back
Next