Велосипедски патеки во Национален Парк Пелистер

Уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања.

Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки:

big lake on pelister

Големо Езеро на Пелистер

Велосипедска патека „Големо Езеро“

  • Должина на патеката – 35 км

  • Времетраење на патеката – околу 6 часа

  • Тежина на патеката – тешка

  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 1420 м.

  • Опис: Патека по земјен пат со можност да се доловат прекрасните видици на Пелистер која е поделена на три периоди од кои најтежок е средниот на искачување.

  • Препорачлива е за искусни учесници.

Mountain Biking Pelister macedonia 01

Кружна велосипедска патека „Бегова чешма – Големо езеро – Ниже поле“

  • Должина на патеката – 45 км

  • Времетраење на патеката – околу 8 часа

  • Тежина на патеката – тешка

  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 900 м.– 1420 м.

  • Опис: Комбинирана патека преку која се прави кружен тек низ Националниот парк Пелистер, возејќи на враќање на дел од патеката по асфалтен пат до хотелот Молика.

  • Препорачлива за искусни учесници.

Mountain Biking Pelister macedonia 02

Велосипедска патека „Маловишта“

  • Должина на патекат – 35 км

  • Времетраење на патеката – околу 4 – 5 часа

  • Тежина на патеката – средна

  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 1150 м. – 1420 м.

  • Опис: Патека до единственото населено место во рамките на
    Националниот парк, селото Маловишта, кое изобилува со фолклорни мотиви, стара македонска архитектура, цркви и манастири со препознатлива историја.

  • Препорачлива за поширок круг на планинарски велосипедисти.

Mountain Biking Pelister macedonia 03

Есктремна велосипедска патека „Копанки

  • Должина на патеката – 1,9 км

  • Времетраење на патеката – околу 5 минути

  • Тежина на патеката – тешка

  • Амплитуда на надморска висина – 1636 м. – 1320 м.

  • Опис: Патека со стрмни делови, погодни природни скокови со Велосипед, доста брза и наменета за натпревари од ваков вид на спортски учесници.

Mountain Biking Pelister macedonia 04

Секако дека околината која изобилува со прекрасни пешачки патеки и го опкружува нашиот хотел е исто така погодна за реализација и осмислување на пократки Велосипедски тури кои би можеле да е вклопат во престојот на гостите кои имаат намера да не посетат.

Искрено се надеваме дека ќе имаме можност да Ве пречекаме во нашиот хотел, додека уживате во велосипедските патеки на Пелистер.

Хотел Молика Битола

  • Адреса: Бегова Чешма, Национален парк Пелистер, Битола, Република Македонија

  • + 389 (0) 47 229 406

  • +389 (0) 75 495 725

  • + 389 (0) 47 229 048 ( fax )

  • http://www.hotelmolika.com.mk

  • email: hmolika@t-home.mk

Close Menu
%d bloggers like this: