Здружение за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола
- Тел: +389 75 314 882
- Е-пошта: info@off-road.mk
Здружението за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола е Здружение на ентузијасти со долгогодишно искуство во областа на организирање и подготовка на патувања, планинарења и развивање на селски туризам.
Здружението се занимава со организација на голем број на активности во областа на активен туризам и тоа го прави самостојно или пак преку различен вид на поддршка на сродни здруженија и организации.
Дел од активностите на здружението се:
- Организирање на патувања со џипови со цел запознавање на планинските предели на Македонија;
- Организација на рекреативно планинарење, велосипедизам, кајак на диви води
- Организација на патувања, подготовка и развивање на сески туризам во соработка со туристички агенции во Република Македонија и регионот;
- Промоција на модели за соработка помеѓу граѓаните, институциите на власт и бизнис секторот за решавање на економски, еколошки и социјални проблеми со цел развивање на селскиот туризам;
- Промовирање на акциони проекти за обмислување на стратегии за градење организациона структура во Република Македонија и во регионот за имплементирање на проекти и програми;
- Организирање на семинари и натпревари и учество во издавање на брошури и публикации;
- Организирање на хуманитарни и забавни манифестации;
- Организирање и учество во издавање на брошури и публикации;
- Подготовка и дегустација на традиционална храна, екологија и угостителство;
- Промоција на културното наследство во функција на промовирање на туризмот;
- Зачувување на природната средина и јакнење на еколошката свест кај населението;
- Јакнење на капацитетите на руралните средини;
- Меѓународна (погранична) соработка во функција на одржлив развој
- Соработка со локалната самоуправа, Министерството за економија, Министреството за екологија, Министерството за култура и други здруженија, фондации и организации.
Контакт:
- Здружение за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола
- Тел: +389 75 314 882
- Е-пошта: info@off-road.mk
- ЕДБ: 4002011523002
- Матичен број: 6686699
- Жиро сметка: 290000001233988
- Депонент банка: ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ
Членовите на нашето здружение располагаат со 4х4 возила, кои по потреба можат да се стават во функција за превоз на туристи во соработка со туристички агенции и тур оператори.