На 20.04.2019, здружението Оф Роуд Македонија во соработка со ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска, Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ и месното население во село Зовиќ, реализираа заедничка еко акција за расчитување на село Зовиќ и патеките кои водат до Филмскиот мост.
Еко акцијата беше одржана по повод 22 април – Ден на планетата Земја. Учениците имаа и час на отворено на кој се запознаа со правилата за движење во природа, со убавините во мариовскиот крај и начинот на кој можи да се заштитат и чуваат природните убавини. На неколку локации беа поставени и корпи за отпадоци.
Еко акцијата беше финансиски поддржана од Општина Новаци
фотографии: Ивана Парговска
Фото галерија – дел 1
Фото галерија – дел 2
Фото галерија – дел 3
Фото галерија – дел 4
Фото галерија – дел 5
Фото галерија – дел 6
Фото галерија – дел 7
Фото галерија – дел 8
Фото галерија – дел 9