Одржлив туризам – дводневна обука
На 29-30.03.2019 во организација на Локална агенција за развој – Струга (ЛДА – Струга), се одржа дводневна обука на тема „Одржлив туризам“.
Обуката имаше за цел да им пренесе на учесниците позитивни искуства за тоа како но нивните услуги и производи со ребрендирање може да се вклопат во туристичката понуда и да создадат додадена вредност.
Во рамките на дводневната обука, беа опфатени темите:
• Вовед во зелен и одржлив туризам
• Чекори за екологизирање на една туристичка услуга;
• Користење и приоритетизирање на одржливи практики во туристичкиот бизнис;
• Анализа на негативното влијание врз животната средина од масовниот туризам;
• Позиционирање на твојот бизнис во контекст на одржлив туризам;
• Иновативноста и одржливиот зелен туризам ;
• Преточување на твојот бизнис во контекст на одржлив туризам.
На обуката присуствуваше и Парговски Јове, како претставник на Здружението за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола
Активноста беше спроведена во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II
Фото галерија од Охрид 29-30.03.2019
По завршувањето на работниот дел, дел од учесниците имаа можност да се запознаат со дел од убавините на Охрид под водство на туристичкиот водич Катерина Василевска. Ова беше и одлична можност за фотографирање на дел од градот.
Поглед кон Охридско Езеро и стариот дел на Охрид
Поглед кон црквата Св. Јован – Канео
Охрид – ноќе – фотографирано од пристаништето
Св. Богородица – Перивлепта
Св. Богородица – Панадос
Антички театар
Плаошник – Св. Пантелејмон / Св. Климент
Поглед кон Охридско Езеро
Св. Јован – Канео
Традиционална архитектура
Св. Софија
Реконструкција на стар чун
Традиционална архитектура
Музеј на град Охрид – Куќата на Робевци
Св. Климент (мал)