Dobro Pole - WW1 Location - Jeep Excursions

Добро Поле – 1918-2022 – офф роуд тура

Содржина


За Добро Поле

Добро Поле е месност на Ниџе Планина каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, настан кој според дел од историчарите e и почетокот на крајот на војната.

На овој датум (15 септември 1923 година) свечено се отворени француските воени гробишта во Битола, а во септември 1938 година, по истиот повод, висока делегација од Франција заедно со околу 200 ветерани ја посетуваат тогашна Југославија. По посетите на Белград, Скопје и Битола, на 15 септември делегацијата на Добро Поле поставила споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“.

Интересно е да се спомене дека денес во Париз постои улица која е именувана токму Добро Поле (Rue Du Dobro pol), што е доказ плус за важноста на оваа локација.


Програма на настанот

Еднодневната екскурзија на 24 септември 2022 г, се одржува со цел за одбележување на овој датум, како и за промоција на регионот Мариово како регион особено погоден за планински велосипедизам.

Програма (24.09.2022 – Сабота)

  • 07:30 Пристигнување на учесниците велосипедисти во Манастирот Св. Атанасиј село Старавина (50 км од Битола, отвори Google Mapa…)

*патот е асфалтиран, но на места тесен и со гранки. Неопходно е внимателно возење и внимание при транспорт на велосипеди )

  • Историско предавање за Првата светска војна и Македонскиот фронт и брифирање на учесниците за велосипедската патека
  • 08:00 – Старт за велосипеди
  • 09:00 – Старт за офф роуд возила
  • ~ 11-12:00 ч – Пристигнување на локацијата и историско предавање за Битката на Добро Поле
  • Поаѓање назад кон Манастирот Св. Атанасиј, с. Старавина

По желба на учесниците ручек во Етно куќа „Кај Мостот, село Зовиќ“ (се плаќа директно во ресторанот и потребна е претходна најава на 075 314 882)


Информации за патеката

  • Патеката е класифицирана како тешка и минува низ ненаселен шумски терен низ регионот Мариово. Учесниците се движат по шумски пат погоден и за 4х4 возила. Вкупната должина на трасата е 50 км (25 км во правец) (отвори само водечка тура и Google Mapa...)

Надморски висини:

  • Битола (576 м), Манастир Св. Атанасиј Старавина (870 м), Церова Полјана (1092 m), Добро Поле (1736 м), Церова Полјана (1092 m), Село Зовиќ (680 м)

Кој може да учествува

Настанот е од отворен тип и може да учествуваат велосипедисти и офф роуд возила од државата и странство. Здружението Оф Роуд Македонија во соработка со Општина Новаци ќе обезбеди логистичка поддршка за велосипедистите со теренски 4х4 возила.


Цена

  • Учеството на настанот е бесплатно
  • По желба на учесниците ручек во Етно куќа „Кај Мостот, село Зовиќ“ (се плаќа директно во ресторанот и потребна е претходна најава на 075 314 882

Фото галерија


Повеќе информации:

  • Тел: 075 314 882