I-TOUR работилница
Од 11-13.04.2019 во Битола (Хотел Милениум) се одржа тридневна работилница за вмрежување на чинителите за развој на туризмот во Пелагонискиот Регион, на која зеде активно учество и Парговски Јове, како претставник на здружението Здружението за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола.
На оваа работилница учесниците преку активни дискусии, предлози и сугестии придонесоа кон процесот на идентификување на туристичките потенцијали на Пелагонија. Посебна вредност е што во текот на тридневното дружење, беа зацврсени меѓусебните познанства како многу важен фактор за идниот процес на вмрежување во функција на креирање на заеднички и конкурентни туристички производи.
Работилницата беше организирана во рамките на проектот:
“INCREASING TOURISM OPPORTUNITIES THROUGH UTILIZATION OF RESOURCES”
I-TOUR – INTERREG IPA Cross Border Cooperation Programme CCI 2014 TC 16 I5CB 009
Фото галерија
Првиот ден од работилницата беше резервиран за посета на Преспа, потпелистерските села Љубојно и Брајчино и Националниот парк Пелистер.
Уживајте!