Дел од членовите на здружението OFF ROAD Macedonia од 13 – 15.05.2016 година беа во посета на најголемиот кањон во Европа и имаа можност да уживаат во живописните предели на националните паркови Сутјеска и Дурмитор.
Цел на ова патување беше Рафтинг центарот Дрина на Тара.
Членовите на нашето здружение имаа можност во прва рака да ја запознаат успешната приказна за надалеку познатиот „Рафтинг на Тара“, и да се уверат во тоа како на Балканскиот Полуостров може да се спреми една квалитетна туристичка понуда по сите светски стандарди.
Стекнатите искуства од ова патување, во значителна мера ќе помогнат во дел од активностите на нашето здружение, односно развивање на т.н „активен туризам“ во различни делови на Република Македонија.
Ова патување немаше да се реализира без несебичната поддршка на дел од нашите спонзори:
– Винарија Стоби
– А.Д. Прилепска Пиварница
– Витаминка Прилеп
– Карго Експрес Битола
– Еурофарм Битола
на кои најискрено им се заблагодаруваме.