Dobro Pole - WW1 Location - Jeep Excursions

Добро Поле – Мариово – местото каде е пробиен Македонскиот фронт за време на ПСВ – еднодневни џип екскурзии

Добро Поле е локација на границата помеѓу Македонија и Грција каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт. Овој настан е со големо значење во историографијата на Првата светска војна. Петнаесет дена по битката за Добро Поле капитулирала Бугарија, по што следела Австро-Унгарија (4 ноември 1918 година) и примирјето со Германија на 11 ноември 1918.

Според голем број на историчари, Битката на Добро Поле е почетокот на крајот на Првата светска војна.

На 15 септември 1938 г, дваесет години покасно, Добро Поле го посетува делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“.

Посетата на оваа локација е особено интересна за сите оние кои сакаат да научат повеќе за Првата светска војна, но воедно е и одлична можност за уживање во живописната природа и „дивите“ предели на Мариово.

Контакт телефон: +389 71 206 757 (Viber)

Инфо

Инфо

  • Вид на тура: Туристичко возење со џип / Џип сафари
  • Тежина на турата: средна/тешка
  • Локација: Добро Поле, Општина Новаци
  • Време кога може да се оганизира турата: Мај – Ноември
  • Траење на турата: 9-10 часа
  • Надморски висини: Битола (576 м), Церова Полјана (1092 m), Добро Поле (1736  м)

Програма

  • 08.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
  • Туристичко возење низ селата – Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш, Старавина (~ 1 час).
  • Кратка пауза на живописна локација во близина на село Старавина
  • Оф роуд возење по шумски пат до месноста Добро Поле со кратки попатни паузи (~ 2 часа)
  • Упатување пеш до месноста „Бронзена Рака“ (~ 300м)
  • Враќање назад по истиот пат до Битола
  • Пристигнување во Битола ~ 16:00 ч

* Можност за посета на село Зовиќ и организација на традиционален ручек во Етно куќата „Кај Мостот“

Патувањето вклучува

  • Превоз со теренско возило (4х4)
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • патничко осигурување
  • храна, пијалоци и други индивидуални трошоци

Галерија

Важно

Сигурносни препораки

• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.

• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.

• Очила за сонце со UV филтер

• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)

• Средство против инсекти

• Фото апарат

Храна и пијалоци

• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.

Заштита на животната средина

•  Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.

Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.

Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Турите се организираат во соработка со туристички агенции од државата и надвор. Пополнете ја контакт формата за повеќе информации.