Стење е село во Општина Ресен на брегот на Преспанско Езеро во источното подножје на планината Галичица.
Се наоѓа на надморска височина од 855 метри, од левата страна на патот Битола – Корча, во непосредна близина на границата со Албанија. Во близина на селото се наоѓа и истоимениот граничен премин.
Во последните неколку години туризмот во ова село се развива со силно темпо. Некогашната плажа е целосно обновена, поставен е нов песок, монтажни објекти на самиот брег и во езерото, а изградено е и ново шеталиште.
Покрај плажата се наоѓа хотелот „Рива“, во селото постојат неколку приватни сместувачки капацитети, а во близина во Отешево работи и хотелот Lakeview Hotel and Resort.