Заработувај од рурален туризам
Членови на Здружението за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола (Митко Крстевски и Парговски Јове) од 20 – 22 декември 2017 година присуствуваа на бесплатната обука „Заработувај од рурален туризам“, спроведена од Локална Агенција за Развој – Струга, како дел од проектот „Идни перспективи преку планински туризам“ спроведуван од ГИЗ – (Германското Друштво за Интернационална Соработка) во перидот од август-декември 2017.
Цел на оваа обука беше да ги мотивира учесниците да размислуваат претприемачки, да почнат да ги препознаваат можностите во нивното место на живеење, и да научат како да ги комерцијализираат и понудат на пазарот. Да научат да изработат бизнис план за нивните идеи и да го презентираат пред публика.
Обуката траеше три дена, и ги опфати следниве теми:
- Рурално угостителство
- Храна и Пијалоци
- Претприемништво во рурални средини.
Членовите на нашето здружение од оваа обука се вратија со нови сознанија во многу области, нови контакти и идни можности за соработка со поединци и други здруженија и компании од Македонија.
Обуките и работилиците се одржаа во Хотел Алпина и ресторанот Кораб Трница.
Во прилог фотографии од овој настан.
– Прошетка низ Маврово до потопената црква Св. Никола, пред почеток на обуката – 20.12.2017
Храмот Св. Никола во с. Маврово бил изграден од жителите на ова село во 1856 година, а бил потпен со изградбата на акумулацијата во 1956.
Иако стар повеќе од 150 години и голем дел од годината потопен во вода, квалитетот на градбата на овој храм и мајсторијата на неговите градители е јасно видлива и денес. Освен оштетувањата на покривот и на камбанаријата која е доградена покасно, не се видливи посериозни оштетувања на основата.
Фото галерија дел 2
Новата црква Св. Никола, завршена 2006 г.
Фото галерија дел 3
Верната придружничка на нашиот фотограф
Мавровско Езеро
Фото галерија дел 4
Фото галерија дел 5
Фото галерија дел 6
21 декември 2017 – посета на комплекс Кораб Трница
Фото галерија дел 7
Фото галерија дел 8
Дегустација на традиционална храна во комплекс Кораб Трница
Фото галерија дел 9
Фото галерија дел 10
Фото галерија дел 11
Работа во групи – приготвување на мени кое би се понудило во руралните бизниси – Комплекс Кораб Трница
Фото галерија дел 12
Фото галерија дел 13
Фото галерија дел 14
Учесниците во обуката поделени во групи ги претставуваат приготвените јадења
Фото галерија дел 15
Стручна комисија ги оценува приготвените јадења
Фото галерија дел 16
22 декември – кратка прошетка низ Маврово до ски центарот – пред почетокот на третиот ден од обуката
Фото галерија дел 17