White river cover photo

Почувствувајте ја природата – џип сафари до Бела Река, Мариово

Дали некогаш сте се напиле вода директно од река?

Бела Река или Белица во Мариово извира на 1.610 метри надморска висина од Ниџе планина. Во горниот дел на оваа река не постои никаков извор на загадување, а најблискиот град и индустриски капацитет се оддалечени на 70 км. Месноста „Лаките“ покрај оваа река е одлична локација за целодневен одмор и до неа се стигнува единствено со теренско возило.

Доколку барате спас од урбаниот хаос, ова заборавено место во Мариово е вистинскиот избор за Вас.

Инфо

Инфо

  • Вид на екскурзија: Туристичко возење со Џип (4х4 возило) – џип сафари
  • Тежина: лесна – препорачана за сите возрасти
  • Време на одржување: пролет, лето и есен – по нарачка
  • Траење на екскурзијата: 8-10 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m, Месност Лаките 1015 м

Програма:

  • 09.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
  • Туристичко возење низ Општина Новаци
  • кратка пауза на живописна локација во близина на село Старавина
  • Туристичко возење до месноста Лаките (пристигнување околу 10.00 ч)
  • Слободни активности
  • 15:00 ч – тргнување назад кон Битола
  • Посета на манастирот Св. Атанасиј во близина на село Старавина
  • ~17:00 – пристигнување во Битола

Галерија

Важно

Патувањето вклучува

  • Превоз со теренско возило (4х4)
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • патничко осигурување
  • храна, пијалоци и други индивидуални трошоци

Сигурносни препораки

  • Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
  • Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

  • Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
  • Очила за сонце со UV филтер
  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
  • Средство против инсекти
  • Фото апарат

Храна и пијалоци

  • Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.

Заштита на животната средина

  • Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.

Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.

Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Турите се организираат во соработка со туристички агенции од државата и надвор. Пополнете ја контакт формата за повеќе информации.

Error: Contact form not found.