Првата светска војна започнала во Европа на 28 јули 1914 и траела до 11 ноември 1918 година. Македонскиот фронт кој е познат и како Солунски и Јужен фронт, се простирал од Орфанскиот залив во Егејско Море, до Јадранско Mоре во должина од околу 600 км. Тој минувал низ четири земји: Албанија, Грција, Бугарија и тогашна Србија во чиј состав била и територијата на денешна Република Македонија.
Некои од поважните битки на Македонскиот фронт се случиле токму во регионот Мариово, што погубно се одразило и врз цивилното население кое било преполовено од глад, болести и воени дејствија. Денес во Мариово се видливи голем број на сведоштва од тој период и постојат многу приказни за „борбата“ на цивилното население во воениот и повоениот период, кои вреди да се слушнат.
Еднодневната едукативна екскурзија, има за цел да Ви ја пренесе приказната на цивилното население во регионот Мариово, за време и по завршувањето на Првата светска војна, но исто така Ви нуди и незаборавно искуство низ живописните предели на овој крај.
Контакт телефон: +389 71 206 757 (Viber)
Инфо
Инфо
- Вид на тура: Еднодневна тура со автомобил/ мини бус
- Тежина на турата: лесна
- Време кога може да се оганизира турата: пролет, лето и есен
- Времетраење: 8-10 часа
- Надморски висини: Битола: 615 m, Манастир Св. Атанасиј Старавина 964 m
Програма:
- 09.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
- Кратка пауза во близина на Кота 1050
- Туристичко возење низ селата во Општина Новаци
- Пауза на панорамска локација во близина на село Старавина од каде се гледаат голем дел од локациите од ПСВ
- Посета на ровови и бункери во село Старавина
- Посета на црквата Св. Димитриј во село Градешница (XIV в) и споменик „Победа“ посеветен на сите жртви на ПСВ.
- Посета на село Зовиќ (можност за организирање на традиционален ручек во Етно куќата „Кај Мостот“)
- Слободни активности (посета на Филмскиот мост)
- ~ 16:00 ч – поаѓање назад кон Битола
Галерија
Важно
Патувањето вклучува
- Превоз со возило (автомобил или мини бус во зависност од големината на групата)
- Организација и реализација на патувањето
Не е вклучено
- патничко осигурување
- храна, пијалоци и други индивидуални трошоци
Сигурносни препораки
• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите тури се на локации надвор од урбани средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.
Старт / Крај на екскурзијата
Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)
Препорачана опрема:
• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева. Доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат
Храна и пијалоци
• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.
Измени во програмата и отказ на екскурзијата
Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.
Турите се организираат во соработка со туристички агенции од државата и надвор. Пополнете ја контакт формата за повеќе информации.