Според легендата, Марко Крале и изградил куќа на својата сестра Пешна на влезот од пештерата, па така таа и денес го носи нејзиното име. На влезниот дел дури и може да се видат остатоци од стара градба и воденица.View from the interior of Peshna cave, Makedonski Brod, Macedonia
Пешна е пештера со најголем отвор на Балканот со висина околу 40 метри, кој дозволува сончевите зраци добро да ја осетлуваат нејзината внатрешност, па така посетителите можат слободно да се движат низ внатрешноста. Широка е 56 метри, а долга 124 метри.
Peshna Cave - Makedonski Brod, Macedonia
Од внатрешниот дел извира вода која во летниот период целосно пресушува.

Како до пештерата Пешна

Пешна е оддалечена околу 7.5 км од Македонски Брод. По исклучувањето од регионалниот пат R1106, од левата страна ќе видите патека која можи да ја користите доколку сакате да пропешачите до пештерата. Патеката е добро уредена и е во должина од околу 900 метри и минува низ малото манастирче Св. Архангел Михаил. Можите да продолжите и право со автомобилот до ресторанот Дедо Илија, од каде има околу 400 метри пешачење до пештерата. Патеките се добро уредени, но внатре во пештерата знае да биде лизгаво па се препорачува носење на соодветни обувки.View toward Peshna Cave - Makedonski Brod, MacedoniaEntrance - Peshna Cave - Makedonski Brod, MacedoniaPeshna Cave - Makedonski Brod, MacedoniaView from the interior of Peshna cave, Makedonski Brod, Macedonia View from the interior of Peshna cave, Makedonski Brod, Macedonia