You are currently viewing Мариово – Рурална авантура – еднодневна екскурзија низ Битолско Мариово

Мариово – Рурална авантура – еднодневна екскурзија низ Битолско Мариово

Според легендата, регионот Мариово го добил името по убавата владетелка Марија, која да го спаси својот крај од потурчување, се согласила да стане жена на султанот.

Опкружена со високи планини, оваа рурална област е карактеристична по својата историја, етнологија, традиции и култура. Еднодневната екскурзија низ Мариово е одлична можност да дојдете во допир со богатото културно и природно богатство на оваа најретко населена област во Македонија.

Контакт телефон: +389 71 206 757 (Viber)

Инфо

Инфо

• Вид на екскурзија: Туристичко возење со автомобил/ мини бус
• Тежина на турата: лесна – препорачана за сите возрасти
• Села кои се посетуваат: Маково, Рапеш, Старавина, Градешница, Зовиќ (Општина Новаци)
• Време: по нарачка – пролет, лето и есен
• Траење на екскурзијата: 8-10 часа
• Надморски висини: Битола: 615 m, Градешница 800 м, Зовиќ 680 м

Програма:

Поаѓањето е во 9:00 часот од претходно договорена локација во Битола, по што следи туристичко возење низ селата Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш во траење од околу 40 минути. Во близина на село Рапеш се прави кратка пауза на панорамска локација, каде ќе имате можност за фотографирање на прекрасните предели околу ова село. Потоа се продолжува со туристичко возење низ кањонот на Црна Река преку Рапешки мост, до манастирот Св. Атанасиј село Старавина. Овој манастир е една од ретките локации каде на дланка го имате целиот регион Мариово. Следна станица е село Градешница каде се посетуваат црквите Св. Димитриј (16 век), св. Никола (19 в) и споменикот „Победа“ посветен на жртвите од Првата светска војна. Следна станица е село Зовиќ и познатиот Камен мост.
Екскурзијата завршува во 16:00 часот, кога се тргнува назат кон Битола (околу 1 час возење).

*По договор – можност за традиционален ручек во Етно куќа „Кај мостот село Зовиќ“.

Патувањето вклучува

• Превоз со лесно возило / мини бус (во зависност од големината на групата)
• Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

• патничко осигурување
• други индивидуални трошоци

Галерија

Важно

Сигурносни препораки

• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат

Храна и пијалоци

• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Турите се организираат во соработка со туристички агенции од државата и надвор. Пополнете ја контакт формата за повеќе информации.