Рајска долина е рибник и ресторан во близина на село Куратица, сместен во раскошна природа покрај патот Прентов мост – Куратица. Она што особено пленува е автентичниот амбиент надополнет со малите езерца во кои се одгледува пастрмка и крап.
Летниковците и терасите се одлично место за одмор и релаксација, а амбиентот го разубавуваат и птиците и зајаците кои шетаат околу езерата.
Член на Оф Роуд Македонија го посети ресторанот во месец Јуни 2017 и ги направи виртуелните панорами.
Уживајте!