Широк Сокак е најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола. Денес е строго пешачка улица на која се наоѓаат голем број на продавници, ресторани, институции од културата, кафулиња, клубови и др. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време.
Виртуелната прошетка од Широк Сокак е направена во месеците мај и јуни 2017 од член на Оф Роуд Македонија тимот.
Уживајте!