Планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” е сместен на околу 1940 м надморска висина, покрај макадамскиот пат кој води до врвот Пелистер.
Опкружен со прекрасна природа, овој планинарски дом е одлична дестинација за кратки пешачки и велосипедски екскурзии, или како попатна станица за посетителите чија крајна цел се Големо езеро или врвот Пелистер.
Макадамскиот пат е особено погоден за пешачки тури, планински велосипеди и теренски возила.
Член на OFF ROAD Macedonia ја посети оваа локација во месец јуни 2017.
Уживајте во прекрасните панорами од Националниот парк Пелистер!