Етно куќа и Ресторан „Кај Мостот“ село Зовиќ, Мариово

Етно куќата и ресторан „Кај Мостот“ е сместена во прекрасното село Зовиќ, во регионот Мариово, Општина Новаци. Село Зовиќ е сместено на 680 м надморска висина и со Битола тоа е поврзано со асфалтиран пат во должина од 50 км.

Контакт

  • Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ, Општина Новаци
  • Адреса: село Зовиќ, Општина Новаци, бб
  • Координати: 41.117382, 21.713264 (Отвори на Google Maps…)
  • Тел: +389 71 206 757
  • Емаил: mitko.cebren@hotmail.com

Доколку сакате да ја доживеете долгата традиција на македонскиот селски живот и да имате автентичен одмор во руралните предели на Мариово, Етно куќата „Кај Мостот“ е вистинскиот избор за Вас.

Тука имате можност да вкусите богат избор на традиционални јадења од регионот Мариово, приготвени на традиционален начин.
За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, куќата има на располагање модерно уредени соби во етно амбиент, кои ќе Ви овозможат пријатен престој во село Зовиќ.

Село Зовиќ е богато со автентични традиционални градби, богато културно и природно наследство, но пред се најпознат е Камениот мост на чистата Градешка река.

Повеќе за село Зовиќ: