Џип Рели Плачковица 2011 – Фото галерија

plackovica 2011

Џип Рели Плачковица е Off Road настан кој се одржува секое лето на живописните предели на Плачковица.

Off Road караванот вообичаено се состои од два дела, со задолжителна починка на неколку атрактивни места од туристички и историски карактер и со задолжителна културно – забавна вечер и преноќиште на прекрасната Плачковица.

Плачковица

Планината Плачковица се наоѓа во близина на Штип и спаѓа во редот на стари грамадни планини. Составот на теренот најчесто е гранитен со кристални шкрилци и помлади еруптивни карпи. На планината има богата флора и фауна со неколку видови што живеат само на оваа планина.

На планината Плачковица се наоѓаат и трите прекрасни кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи…

За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Највисок врв на планината Плачковица е Лисец сместен на 1754 метри надморска височина.

Членови на Здружението за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола присуствуваа на овој настан и направија неколку фотографии од истиот.

Уживајте !!!

Back
Next

Фото галерија – дел 1

Back
Next