Dobro Pole Macedonia

Битката на Добро Поле – 15.09.1918/2018 – 100 години од пробојот на Македонскиот фронт

  • Дата: 15.09.2018
  • Место: Добро Поле – Општина Новаци

Добро Поле е месност на Ниџе Планина каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт. Првата светска војна на некој начин значела и кулминација на лошата состојба во Македонија, која од крајот на XIX век била постојано во состојба на внатрешни немири и против своја воља била вклучена во сите воени конфликти кои се случиле на Балканот. Населението било преполовено од глад, болести и воени дејствија, особено во регионот Мариово, каде се случиле и голем број од поважните битки за време на ПСВ.

Еднодневната џип екскурзија на 15 септември 2018 г, се одржа со цел за одбележување на овој датум, како и за поголема промоција на регионот Мариово во областа на меморијален туризам.

  • Организатор: Здружение за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола
  • Во соработка со: Општина Новаци, Здружение за заштита на Македонскиот фронт и Национална асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт од Франција
  • Поддржано од: Витаминка Прилеп, БИМИЛК, ТА Турист Битола, ТА С-Травел Битола, ТА МИГ Травел Битола, Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ

Програма

Програма

15.09.2018

  • 08.00 ч – Старт – Општина Новаци
  • Возење по регионалниот пат R1311 низ селата Маково, Рапеш до село Старавина (~ 1 ч 15 мин).
  • Пауза (30 мин.) Манастир Св. Атанасиј село Старавина
    Предавање за Македонскиот фронт за време на ПСВ и последиците врз цивилното население – Парговски Јове – Здружение за запознавање и патување ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА Битола (македонски / англиски јазик) / Франк Роџер – Национална асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт (француски јазик)
  • Возење по шумски пат до месноста Добро Поле (~ 2 часа)
  • Упатување пеш до месноста Добро Поле (~ 300 м)
    Предавање за Битката на Добро Поле – Роберт Илиевски – Здружение Македонски фронт
    Посета на карпата каде во 1938 г бил поставен споменик
    Обраќање на г-дин Љубе Кузманоски – Градоначалник на Општина Новаци
    Обраќање на претставник на Здружение на ветерани од Франција
    Слободни активности
  • Возење до село Зовиќ со една пауза во траење од 20 мин (вкупно ~ 2 ч 40 мин)
  • Пристигнување во село Зовиќ (~ 15:30 ч)
  • Ручек во Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ
  • Крај на настанот ~ 16.30 ч

Надморски висини:

Битола (576 м), Церова Полјана (1092 m), Добро Поле (1736  м),  Село Зовиќ (680 м)

Вид на пат:

  • Битола – раскрсница село Зовиќ – 46 км асфалтен пат
  • Раскрсница село Зовиќ – Добро Поле – 26 км (шумски пат прооден само со 4х4 теренски возила)
  • Шумска патека проодна само пеш – од местото каде се оставаат возилата до месноста „Бронзена рака“ (околу 300 m) (Линк до интерактивно видео од патеката…)

Повеќе инф.

За Добро Поле

Пробојот на Македонскиот фронт се случил токму на Добро Поле и е настан со големо значење во историографијата на Првата светска војна. Петнаесет дена по битката капитулирала Бугарија, по што следела Австро-Унгарија (4 ноември 1918 година) и примирјето со Германија на 11 ноември 1918.

На 15 септември 1938 г, дваесет години по пробојот, Добро Поле го посетува делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“, а воедно интересно е да се спомене дека денес во Париз постои улица која е именувана токму Добро Поле (Rue Du Dobro pol), што е доказ плус за важноста на оваа локација.

Галерија

Фотографиите од настанот се објавени на следните линкови:

Во медиумите

Повеќе инф.

Доколку сакате повеќе информации околу настанот или пак сакате да го посетите Добро Поле, пополнете ја контакт формата или контактирајте не телефонски.

Тел: 075 314 882

Error: Contact form not found.