Скочивир – село каде Црна Река ја започнува својата голема авантура

Скочивир е мало село со богато историско наследство во Општина Новаци, сместено на околу 600 метри надморска височина, на левиот брег на Црна Река. За првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година, но историјата на овој простор е многу постара.

Содржина

Скочивирска Клисура

Токму кај Скочивир Црна Река навлегува во тесниот и живописен кањонски предел на Скочивирската Клисура и продолжува кон Мариово. Според едно од толкувањата, од природниот карактер на местото потекнува и името на селото – „скокни вир“, односно „скочи вир“.

Панорама - Скочивирска клисура, село Скочивир

Скочивирската Клисура се протега во должина од 104 километри и е најдолгата клисура во Македонија. На самиот почеток, речниот тек се стеснува и создава впечатлив природен пејзаж, во кој реката, карпите и стрмните падини создаваат препознатлива глетка. Поради тесниот речен профил, во минатото Црна Река често се излевала и предизвикувала поплави во околината.

Траги од далечното минато

Околината на Скочивир е вистинско богатство за љубителите на историјата и археологијата. На поширокиот простор околу селото се наоѓаат повеќе значајни археолошки локалитети, кои сведочат за континуитетот на животот на овој простор низ вековите.

Меѓу нив се издвојуваат Градиште, Кале – Петалинско и Марково Кале, утврдени населби кои потекнуваат од железното време. Особено интересен е и Скочивирскиот натпис, врежан во карпа непосредно покрај Црна Река – нем сведок за далечното минато на овој крај.

Духовното наследство на Скочивир

Покрај природното и археолошкото богатство, Скочивир го чува и своето духовно наследство. Селска слава е Петковден, а во самото село се наоѓа црквата „Св. Петка“, изградена во 1860 година. Во дворот на црквата Св. Петка се наоѓаат селските гробишта и гробови на војници од Првата светска војна (претежно од Српската војска).

Св. Петка, Скочивир

Во непосредна близина се наоѓа и познатиот манастир „Св. Архангел Михаил“, кој претставува значаен дел од духовното и културното наследство на овој предел.

Манастир „Св. Архангел Михаил, село Скочивир

Според преданието манастирот е основан во 1870 г. по иницијатива на младата Анѓа, на која и се сонило дека треба да преноќи во месноста Џајкова чука и тука да остави некој нишан.
Со текот на годините на тоа место е изградено и мало манастирче посветено на светецот Архангел Михаил, до изворот за кој што мештаните веруваат дека е света лековита вода. Во 1967 г од страна на месното население, започнато е со изградба на новиот дом на Св. Архангел Михаил нешто погоре од старото манастирче. Овој објект е реновиран во 1998 г кога се изградени и конаците, едни од најубавите во овој регион.

Панорама, поглед кон Пелагонија, село Скочивир

Крст над село Скочивир

Во близина на Манастирот Св. Архангел Михаил, на ридот од каде пред посетителите се распростира една прекрасна панорама кон село Скочивир и Пелагонија, поставен е метален крст, до кој води асфалтен пат.

Излетничко место Коњарка

Konjarka picnic location near village Skochivir, Novaci Municipalityќ

Коњарка е излетничко место на околу 2 км од село Скочивир. Сместено покрај чистата Коњарска Река, чие што извориште се наоѓа под Кајмакчалан, до границата со соседна Грција на надморска височина од 2.260 м.

Село Скочивир за време на Првата светска војна

Во текот на Првата светска војна, селото Скочивир се нашло во непосредна близина на фронтовата линија и претставувало значајна комуникациска точка за силите на Антантата. Како и населението во поширокиот регион на Македонија, и жителите на Скочивир уште на почетокот на војната биле изложени на регрутација и реквизиции од страна на српската војска. Подоцна, со промената на воената ситуација и воспоставувањето на бугарската власт, истите мерки биле спроведувани и од страна на бугарската војска. Со формирањето и стабилизирањето на фронтовата линија, локалното население било вклучено и во принудна работа, особено во изградбата и одржувањето на патишта, ровови, окопи и други воени инфраструктурни објекти.

Село Скочивир за време на Првата светска војна

По падот на Кајмакчалан и освојувањето на Битола од страна на Сојузничките сили, фронтовата линија била поместена северно од Битола. Со тоа, Скочивир се нашол во заднината на фронтот, но поради својата местоположба продолжил да има значајна комуникациска и логистичка улога за силите на Антантата.

Во Скочивир дополнително биле интернирани и дел од жителите на селата Маково и Будимирци, кои со поместувањето на фронтот се нашле непосредно на линијата на воените дејствија. Покрај директните последици од воените дејствија, населението било изложено на тешки услови за живот, недостиг на храна и појава на заразни болести.

Според сведоштвата пренесени во докторската дисертација на Петар Солаковски, Битолскиот регион за време на Првата светска војна 1914–1918, состојбата во Скочивир во одредени периоди била крајно критична. Во едно од сведоштвата се наведува:

„Една бегалка од Скочивир кажува дека таму умираат 20–25 луѓе дневно од глад; луѓето јадат дури и земја. Луѓето одат со жените и децата да се дават во реката Црна, да не ги гледаат страдањата на својот народ од гладот.“

Мајка со деца пече леб во фурна. Локација - некаде помеѓу селата Добровени и Скочивир
Мајка со деца пече леб во фурна. Локација – некаде помеѓу селата Добровени и Скочивир

Суровите услови во кои се нашло населението биле непосредно поврзани со специфичната положба на Скочивир и неговата близина до фронтовата линија. Токму поради неговото стратешко значење, во 1917 година бил изграден таканаречениот Француски пат, кој го поврзувал Скочивир со селото Чегел. Во неговата изградба повторно било ангажирано локалното население.

Локално население од Македонија, кое работи на т.н „Француски пат“, во близина на село Скочивир за време на Првата светска војна
Разгледница – Локално население од Македонија, кое работи на т.н „Француски пат“, во близина на село Скочивир за време на Првата светска војна

За потребите на снабдувањето на фронтот била користена и жичарницата Скочивир–Чегел, преку која се пренесувале воен материјал и други потреби за единиците на фронтовата линија.

Жичарница Скочивир—Чегел за време на Првата светска војна
Жичарница Скочивир—Чегел за време на Првата светска војна

Од особено значење за комуникациите во овој простор бил и Дековил-системот на преносни теснолиниски железници. Станува збор за систем на метални шини и преносни железнички секции, развиен од францускиот инженер и индустријалец Пол Дековил (Paul Decauville) во 1875 година. Таквите шини, најчесто со широчина од 400 до 600 mm, можеле релативно брзо да се поставуваат, демонтираат и преместуваат, што ги правело особено погодни за воени услови.

Дековил-систем Сакулево - Брод

Во овој дел од Битолскиот регион, Дековил-системот бил поврзан со главната железничка линија Солун–Битола и се користел за транспорт на луѓе, материјал и воени потреби. Со овој систем биле поврзани селата Сакулево (грчки: Μαρίνα , Марина), Брод и понатаму кон подрачјата поблиску до фронтот.

Малиот воз продолжил да се користи и по завршувањето на Првата светска војна, а дел од металните шини подоцна биле пренаменети и денес можат да се забележат како заштитни огради околу српските воени гробишта во селата Скочивир и Добровени.

Поглед кон селото Скочивир за време на Првата светска војна – белиот објект е камбанаријата на црквата „Св. Петка“, изградена во 1860 година.
Поглед кон селото Скочивир за време на Првата светска војна – белиот објект е камбанаријата на црквата „Св. Петка“, изградена во 1860 година.

Во атарите на Скочивир и Добровени за време на војната функционирале и повеќе болници, амбуланти и хируршки одделенија. Нивното присуство е значајно и за разбирањето на големиот број воени гробови во овие села и нивната околина. Покрај медицинските установи на српската и француската војска, во овој простор делувало и одделение на Шкотските женски болници (Scottish Women’s Hospitals), а тука било лоцирано и одделение поврзано со Солунската болница, основана со поддршка на руската принцеза Александра Наришкина.

Болница, основана со поддршка на руската принцеза Александра Наришкина

Генерално, може да се констатира дека Првата светска војна оставила тешки и долготрајни последици врз селата во овој дел од Битолскиот регион. Покрај директните последици од воените дејствија, населението било погодено од глад, недостиг на основни животни средства, раселувања и заразни болести. Кон крајот на војната, со интензивирањето на движењето на различните војски и населението, дополнително се проширила и епидемијата на инфлуенца, позната како Шпански грип, која предизвикала нови човечки жртви.

Воени гробишта во дворот на црквата Св. Петка, село Скочивир
Воени гробишта во дворот на црквата Св. Петка, село Скочивир

Со завршувањето на војната, преживеаното население се соочило со тешки последици. Земјоделските површини биле оштетени или запуштени, просторот бил исполнет со воени гробови и остатоци од воените дејствија, а добитокот, кој бил одземан за потребите на армиите или угинал во текот на војната, бил значително намален. Така, по четири години војување, жителите на Скочивир и околните села не се соочиле само со последиците од загубените животи и раселените семејства, туку и со исклучително тешки услови за повторно воспоставување на нормален живот и земјоделско производство.

Српски воени гробишта во близина на село Скочивир
Српски воени гробишта во близина на село Скочивир

Скочивир и денес ги чува овие траги од еден од најтешките периоди во историјата на регионот – како тивко сведоштво за луѓето, битките и воените болници кои функционирале во непосредна близина на селото.

Врв Кајмакчалан

Kajmakcalan peak - Nidze mountain, Macedonia

Село Скочивир се наоѓа на самиот пат до најпознатата локација во Македонија, поврзана со Првата светска војна – врвот Кајмакчалан.

Кајмакчалан е највисок врв на Ниџе планина (2.521 m) и една од клучните позиции на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Врвот Кајмакчалан се наоѓа на самата гранична линија помеѓу Македонија и Грција и од таму се гледаат Островското и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Кајмакчалан се наоѓа на околу 30 км од село Скочивир, по шумски пат во правец на излетничкото место Коњарка.

Како до село Скочивир

Од Битола до Скочивир (Google map) водат два патни правци – преку село Новаци и во правец на граничниот премин Меџитлија. За пристигнување до селото се препорачува правецот кон граничниот премин Меџитлија, по патот А3, во должина од околу 38 километри. Непосредно пред граничниот премин Меџитлија/Ники се издвојува патот кон селата Меџитлија и Кременица, по кој се продолжува до Скочивир. Патот е асфалтиран до самото село.

Од Скочивир може да се продолжи и до излетничкото место Коњарка, до кое има краток дел макадамски пат, но тој е во добра состојба. Продолжувањето од Коњарка кон Мариово или кон Кајмакчалан е возможно само со теренско возило. Ова е особено важно да се има предвид, бидејќи на одредени мапи и денес овој дел од трасата е означен како регионален пат, иако во реалноста не е погоден за сообраќај со патнички автомобили.

До село Скочивир нема јавен превоз.

Изајмувањето на возило од Битола е една од најдобрите варијанти за посетителите без сопствен превоз.

DiscoverCars.com

Фото галерија дел 1

Фото галерија

Манастир Св. Архангел Михаил
Monastery St. Archangel Michael, Skochivir
Monastery St. Archangel Michael, Skochivir
Св. Петка (1860) – фото галерија

Гробишта од Прва светска војна – галерија

Св. Петка

St. Petka church, Skochivir, Macedonia
Serbian WW1 cemetery near St. Petka church, Skochivir village, Macedonia

Ско

Дел 2

Воени гробишта во близина на Црна Река

Serbian First World War cemetery near Skochivir village, Macedonia

Crna (Black) River near Skochivir village, Macedonia
Crna (Black) River near Skochivir village, Macedonia

Излетничко место Коњарка

Konjarka – Novaci Municipality - Photo Gallery

Локација

Прочитајте повеќе:

Garmin Fenix Ad