Смоларскиот водопад е сместен на северната страна на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на 600 метри надморска висина. Смоларскиот е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.
Сместен е во близина на селото Смолари и до околу 500 метри од водопадот, т.е. до ресторанот Атлантис води асфалтен пат, каде има паркинг.
Од тука се продолжува пеш по уредена патека со дрвени скалила и ограда, низ живописната природа на планината Беласица, која води веднаш до самиот водопад.
Локација: Google Maps… (се отвара во нов прозорец)